Алегри: Резултатот е реален, но Костиќ мораше да биде повнимателен

259

Тренерот на Јувентус, Масимилијано Алегри, изјави дека ремито против Интер во првото полуфинале на Купот на Италија е реално. Хуан Куадрадо отвори за „Старата дама“ во 83. минута, но во последните секунди на гостите од Милано им беше досуден пенал кој Ромелу Лукаку го претвори во израмнување. Ова доведе до ескалација на тензиите и грди сцени по последниот судиски свиреж.

„Не знам точно што се случи по завршувањето на натпреварот, бидејќи веднаш отидов во тунелотот. Настана хаос. Самиот натпревар беше изедначен. Знаевме дека ќе биде тешко. Интер е во тежок период, но не одигра лошо. Разочарани сме, но средбата е завршена. Требаше да притиснеме повеќе. Филип Костиќ требаше да постапи попаметно, да биде поблизок со Дамфрис. Потоа дојде наивната грешка. Генерално, резултатот е фер“, призна тренерот на „бјанконерите“, Алегри.

ПретходноШто го предизвика хаосот во Торино: Расистички навреди кон Лукаку или пцовките на Куадрадо?
СледноБарселона мора да продаде играчи за 200 милиони евра за да се спаси финансиски