Барселона мора да продаде играчи за 200 милиони евра за да се спаси финансиски

501

Барселона ќе треба да направи неколку големи продажби на свои фудбалери ова лето за да ја подобри финансиската состојба. Според шпанските медиуми клубот треба да стави во каса сума од околу 200 милиони евра, за да смета дека ситуацијата на финансиски план ќе се стабилизира.

Раководството на Барса подготви акционен план за следниот преоден рок и идентификуваше неколку играчи кои во никој случај нема да бидат продадени. Тоа се дефанзивецот Роналд Араухо, како и играчите од средниот ред Педри и Френки де Јонг. Најверојатно на трансфер листата нема да одат ниту голманот Марк-Андре тер Штеген, Гави, Алекс Балде, Жил Кунде, Рафиња и Роберт Левандовски.

Чави, сепак, ќе мора да се откаже од некои од фудбалерите чии плати се превисоки. Кој се ќе се најде на трансфер листата засега е неизвесно.

ПретходноАлегри: Резултатот е реален, но Костиќ мораше да биде повнимателен
СледноНема промени: Чеферин денеска добива трет мандат на чело на УЕФА