Дали Челзи има нов тренер: Луис Енрике го убедил Тод Боли дека тој е вистинскиот за “сините“!

269

Дали Челзи има нов тренер, и тоа во името на Луис Енрике, екс – селекторот на Шпанија, некогашниот тренер на Барселона и екс – фудбалер на Реал Мадрид и Барселона.

Имено Енрике денеска заедно со својот менаџер Иван де ла Пења, некогашен фудбалер, престојува во Лондон каде веќе има два состанока со челниците на Челзи, се видел и со Тод Боли, газдата на клубот.

Иако првите луѓе на Челзи имаат намера да се сретнат и со Наглсман, Покетино, па и со Лампард, последните вести од Лондон велат дека Енрике со својата визија за тимот просто го импресионирал Боли и дека е речиси на чекор до седнувањето на клупата на тимот од “Стемфорд Бриџ“.

Неофицијално, од Челзи ќе го постават Франк Лампард до крајот на сезоната, а од идната сезона Енрике ќе го преземе тимот.

ПретходноШокантно: Со гол во 90+3.минута, Шибеник ги елиминираше Ристовски и Динамо во 1/2 финалето од Купот!
СледноГалтие е минато: ПСЖ почнал преговори со Нагелсман!