Мексиканскиот фудбалски судија Фернандо Хернандез е суспендиран 12 натпревари по удар на фудбалер за време на натпревар меѓу Америка против Леон во неделата. Хернандез со колено го удрил во меѓуножјето играчот на Леон Лукас Ромеро, а тој и соиграчите барале ВАР.
Дисциплинците одлучиле дека Хернандез, кој има значка на ФИФА, е виновен и му изрекоа висока казна, а и Ромеро за својата реакција добил суспензија од два натпревари.
Натпреварот не заврши тука. Тренерите на двата тима се степаа меѓу себе, па и тие добија суспензии од по два натпревари.
LIGA MX REF KNEES PLAYER’S GROIN 🇲🇽🤕
Leon’s Lucas Romero receives a different sort of discipline from referee Fernando Hernández, who gives midfielder a quick knee to the nethers while also issuing a yellow card. Liga MX Mike Dean.pic.twitter.com/IEcCPeDwBS
— Men in Blazers (@MenInBlazers) April 2, 2023