Калин со пласман во 1/8 финалето во Дубровник

86

Со триумфот над италијанецот Матео Донати, најдобриот македонски тенисер Калин Ивановски се пласираше во 1/8 финалето на фјучерс турнирот во Дубровник, Хрватска.

Иако утринава Ивановски лошо го започна мечот и го загуби првиот сет со 6:1, следуваше комплетен пресврт од негова страна со 6:3 и 6:0 по сетови за елиминација на ривалот.

Сега, во следната фаза за Ивановски следува дуел против Алдин Сеткиќ од Босна кој е 566 тенисер на АТП листата.

 

ПретходноСудиска анализа: Во ПМФЛ судењето одлично, во ВМФЛ оштетени Слога (В) и Караорман!
СледноИ челниците на ФФМ на конгресот на УЕФА гласаа за нов мандат на Александер Чеферин