Струга ТЛ по првпат во својата историја се пласира во големото финале во Купот на Македонија. Попладнвево на домашен терен, во интересно полуфинале успеа да го победи Силекс со 1:0 и се впише во историјата.
Победничкиот гол беше дело на Незири во 64.минута.
Пред две години во полуфиналето тогаш Силекс во Струга победи, а денеска ова беше и тоа како голем реванш.
Струга ТЛ имаше повеќе шанси, посебно во првиот дел кога Малески и Пере не успеаја да ја наполнат мрежата на Силекс, промашуваа зицери. Имаше и Силекс шанса преку Катаниќ, но сепак домашниот голман Мирселовски спаси чист гол.
Во вториот дел Струга ТЛ продолжи со нападите, Ибраими во 51.минута имаше шанса, но ништо. И тогаш Незири во 64.минута со прекрасен шут со глава донесе водство.
Силекс во 86.минута Ристовски имаше зицер за израмнување, но стружани имаа голема среќа и резултатот остана 1:0.
Во последните секунди Ибраими имаше две закани, но сепак немаше гол.
На крај резултатот беше 1:0 за Струга ТЛ и пласман во големото финале.