Куп – 1/2 финале: Струга ТЛ оди по историја, Шкендија под Шара ги дочекува “лавовите“!

183

 

Денеска од 15 часот се играат двете полуфиналиња во Купот на Македонија. Интересни двојки, се очекуваат квалитетни и крајно неизвесни мечеви. Уште ако се знае дека гостите, и Силекс и Македонија ЃП ова натпреварување го сметаат за последна шанса за излез во Европа, тогаш се е јасно. А токму овие две екипи лани играа во големото финале, и постои можност истите ривали повторно да се борат за куп –трофејот.

Сепак за тоа се прашуваат Струга ТЛ, која го дочекува Силекс и Шкендија, која игра дома со Македонија ЃП. Стружани одат по историја, по првото свое финале во Купот. Струга ТЛ има шанса и за двојна круна, и ете се мотивите до небо кај лидерот во првенството.

Многу важен натпревар за нас. Еден меч не дели од големото финале. Сепак треба да се каже дека и Струга ТЛ и Силекс се квалитетни екипи,ќе биде интересно и неизвесно. Ние сме максимално подготвени за тоа што не очекува, треба да се биде максимално фокусиран“ изјави Шпетим Дуро, стратегот на Струга ТЛ.

Да кажеме дека ако Силекс успеа да слави во Струга, тогаш ќе успее да се пласира во своето трето финале во низа. Во 2021 славеше против А. Пандев, а лани загуби од Македонија ЃП.

No image

Шкендија е во супер победничка серија во првенството. Сега таа е која ја “брка“ Струга ТЛ во битката за титулата. Но Шкендија има и тоа какви амбиции да се најде во големото финале:

Се знаат нашите амбиции, се знае дека Шкендија сака до крај да оди и во Купот на Македонија.Знаеме дека се игра само еден меч против Македонија ЃП и затоа мораме да бидеме внимателни.Домашниот терен е голем плус и се надевам сека со големата поддршка од нашите фанови „Балистите“, ние ќе победиме и ќе се пласираме во големото финале“изјави Флорент Рамадани, младиот играч за врска на Шкендија.

 

ДВОЈКИ ЗА ПОЛУФИНАЛЕ – ДЕНЕСКА (15 Ч)

Струга: Струга ТЛ – Силекс

Тетово: Шкендија – Македонија ЃП

*Се игра по еден натпревар

ПретходноНема промени: Чеферин денеска добива трет мандат на чело на УЕФА
СледноПочнуваат полуфиналните пресметки во одбојкарскиот плеј-оф