Селекторот на сениорите, Кирил Лазаров пред членовите на Управниот одбор го даде својот извештајот за настапот на Светското првенство оваа година. Според него во групната фаза, Македонија потфрлила против Аргентина, додека Норвешка и Холандија засега се многу посилни од нас. Но, најави дека Македонија ќе го фати прво чекорот на претходниците, а потоа и на силните земји.
Тој потсети дека патот на Мундијалот беше обезбеден преку силни селекции со еден поинаков составот од овој сега. Целта беше подмладување целосно и градење на репрезентација која ќе биде
„Пласманот на СП 2023 година го изборивме по тежок пат, преку Романија и Чешка, предводени од двајца стручњаци. Нашата примарна цел по моето поставување беше да се направи промена на генерација, целта е да остане на исто место, да поставува исти резултати да се направи чекор напред. Да се создадат младински селекции, тие се од големо значење за иднината на македонската репрезентации. Со голед на тоа дека ракометарите немаат квалитетни мечеви, побарав да имаме подoлги подготовки и пријателски натпревари. Имавме повреди во текот на подготовките, Талески, Митревски и Маркоски пропуштија голем дел од подготовките, таму се повреди Јагуриноски, се повреди на првиот меч.
Бевме најмлада репрезентација на СП со просек од 24 години. Имавме есктремно тешка група, репрезентации кои имаат играчи во големи клубови и се лидери, затоа беше тешко да се игра протов. Во Прездент Купот решив да им дадам шанса на помладите играчи кои ја оправдаа мојата доверба. Верувам дека овие седум меча ќе придонесат за созревање на младите играчи. Се согласувам дека можевме многу подобро во првиот круг, особено против Аргентина, Холaндија и Норвешка се подобри од нас, но со посветена работа ќе бидеме во чекор“, рече Лазаров.
Тој даде и најава за последните два меча од квалификациите за ЕП 2024 година, како и за последно одиграниот против Португалија.
„Против Португалија настапивме квалитетно и храбро особено во Скопје. Остануваат два меча против Турција и Луксембург за да се пласираме на ЕП 2024 година. Eдинствената мисла која владее е победа. Голема благодарност до Живко Мукаетов што ни овозможува квалитетни услови за тренинг и добро преставување на Македонија надвор“.