Мукаетов: Да го задржиме култот – репрезентативниот дрес е светост!

251

Првиот човек на РФМ, Живко Мукаетов даде своја оценка на настапот на македонската машка сениорска репрезентација на Светското првенство кое се одржва во Полска. Според него самиот пласман на Мундијалот е голем успех бидејќи Македонија на патот имаше две силни репрезентации, и тој исто како Лазаров рече дека мечот со Аргентина е големо разочарување.

„Направивме голем успех со самиот пласман на СП 2023, Романија и Чешка се навистина силни. Од друга страна на СП добивме навистина силна група, Холандија влезе со вајлд карта. Имавме меч со Норвешка кој го одигравме коректно, но Аргентина беше големо разочарување за сите нас. Во Президент Купот беше коректно, за младите беше големо искуство“, рече Мукаетов, кој потоа испрати порака до сите оние кои ќе настапуваат во репрезентативниот дрес не треба да заборават дека истиот е светост.

„Култот да се игра за репрезентација е голема чест и привилегија, треба вака да го задржиме. Од тој аспект да се мобилизираме, да разговараме со играчите, од првиот момент да знаат дека за Македонија да се игра е светост. Треба така да се доживува. Сите овие години сме благодарни на Лазаров, Стоилов, Миркуловски, Ристовски…играле на една нога. Истото го очекуваме од сегашните и младите репрезентативци. Имаме голем потенцијал, смена на генерација која природно мораше да дојде. Ја направивме безболно без прекин, стоиме зад репрезентација. Јас сум убеден дека ќе се пласираме на ЕП 2024, а потоа ќе растеме. Имаме падови и подеми, но тука сме да се бориме. Одредени поразни ќе не мотивираат да бидеме подобро“, рече Мукаетов.

ПретходноРакометарите ќе добијат премија од два милиони денари за пласман на ЕП 2024 година!
СледноМарјан Начевски координатор, Златко Мојсоски селектор за ракомет на плажа!