Мукаетов: Мора да го собереме квалитетот на едно место, дали да биде по примерот на Будуќност…Треба да се размисли добро!

2284

Македонската женска ракометна репрезентација пред себе има голема шанса да се пласира на едно Светско првенство после долго време. Љубомир Савевски и неговите избранички го играат бараж мечот против Украина, првиот меч е на 8. април на домашен терен додека три дена подоцна е реваншот.

Доколку обезбедат мундијалска виза, ова ќе биде уште едно големо натпреварување во низа после ЕП 2022 година чиј организатор беше и РФМ. Првиот човек на „куќата на ракометот“, Живко Мукаетов на денешната седница на Управниот одбор коментираше за континенталното натпреварување и настапот на Македонија на истото, но и испрати апел дека мора да се даде уште поголема поддршка од страна на сите за подигнување на квалитетот во женскиот ракомет.

„За нас беше предизвик тоа Европско првенство, после долго време се вративме во овој дел. Беше големо искуство за нашите репрезентативки. Против Романија покажавме дека имаме капацитет, но потребна е поддршка од федерацијата и клубовите.

Благодарност до Савевски за ангажманот. Имаме напредок со младите генерации. Мора да направиме концентрација на квалитет на едно место, ова значи промена во лигата, дали ќе бидат поделена на две или пак квалитетот да се стави во една екипа како по примерот на Будуќност. Но, нема ниту едно регионално натпреварување кое овој тим би собирал искуство и би играл силни мечеви, што пак од друга страна пак не би значело дека дека нема да има соодветни противници во домашниот шампионат. Мора да се размисли добро на оваа тема.  

Мора да се фокусираме на двата меча што следат. Доколку се пласираме на СП ќе биде ветер во грб за младите ракометарки во иднина“, рече Мукаетов.

Претходно„Ел Класико“ бр. 5: Притисокот е кај Анчелоти и Реал, Барса ќе ја брани предноста
СледноМеси не е како Роналдо: Лео ја одби понудата вредна 400 милиони евра по сезона!