Почнуваат полуфиналните пресметки во одбојкарскиот плеј-оф

100

Со денешниоте први средби од полуфиналето, официјално почнува разврската во трка за шампионската титула во домашниот одбојкарски шампионат и во машка и во женска конкуренција. Најдобрит ечетири тимови во двете конкуренции, денеска почнуваат со првите полуфинални дуели од плеј-офот во битка до две победи, кои ќе им обезбедат пласман во големото финале.

Во Првата лига во машка конкуренција, шампионот Струмица Никоб битката за нови финале ја почнува утре со домашен меч против Работнички 71&22, додека денеска полуфиналната разврска почнува од Тетово, каде Шкендија ќе ја има предноста на домашен терен во дуелите со ГОК Борец.

Кај дамите, денеска е предвиден првиот полуфинален дуел меѓу Јанта Волеј и Наковски Волеј, два тима кои со подеднакви шанси и желби влегуваат во ова полуфинале. Јанта Волеј се избори за предност на домашен терен при евентуална „мајсторка“. Во второто полуфинале утре шампионот Работнички го пречекува Фит Фан Волеј.

Кај дамите денеска се игра и првиот меч од баражот за пласман во Првата лига меѓу екипата на Палистер Волеј и скопски Вардар ЕМ. Битолчанки ќе бидат домаќини на првиот дуел, додека одлучувачкиот реванш-меч ќе се игра во Скопје.

Прва лига (мажи), полуфинале (први натпревари)

Шкендија – ГОК Борец (среда, 20.30)

Струмица Никоб – Работнички 71&22  (четврток, 17.30)

Прва лига (жени), полуфинале (први наторевари)

Јанта волеј – Наковски волеј            (среда, 17.30)

Работнички  – Фит фан волеј (четврток, 17.30)

Бараж за Прва лига (жени) (прв натпревар)

Пелистер волеј – Вардар ЕМ (среда, 19.00)

ПретходноКуп – 1/2 финале: Струга ТЛ оди по историја, Шкендија под Шара ги дочекува “лавовите“!
СледноСавевски даде отчет пред УО: На ЕП не разочаравме, но се покажа нашата слика!