Емил Рајковиќ и неговата ЦСКА Москва денеска ставија печат на пласманот во 1/2 финалето од плеј – офот во ВТБ. И тоа откако како гости славеа со 67:76 во третиот меч од четвртфиналната серија против Саратов, па така со 3:0 успеаја да го победат некогашниот тим на македонскиот стратег.
Се разбира дека амбициите на Рајковиќ и неговите “армејци“ се шампионски, а ако оди се по планот, тогаш во големото финале можна е “македонска пресметка“ со Ненад Димитријевиќ и неговиот Уникс.