Последната точка од денешната седница на Управниот Одбор при РФМ беа четирите клубови кои оваа година не добија ваучер од Агенцијата за млади и спорт. Генералниот секретар, Филип Милошевски образложи дека оваа помош не добиена по одлука на АМС, која секоја година го менува бодувањето.
Бидејќи станува збор за клубови кои веќе две-три години се дел од шампионатот, Милошевски стави на предлог на истите да им биде доделена еднократна помош од 75.000 денари. Истата беше прифатена од членовите на Управниот одбор.
„Сите сте запознаени со ваучер системот за финансирање на клубовите, критериумите кои се поставени оваа година, начин на бодување, некои спортски субјекти не добија ваучер. Агенцијата за млади и спорт е последна која одлучува дали клубовите ќе добијат финансиска помош.
Астраион Сртумица, Борец од Велес, Партизан од Гевгелија и Драчево од Скопје. Се натпреваруваат две три години во нашето првенство, не исполнија квота да се добијат ваучер. Тие доставија барање да им се помогне финансиски од страна на РФМ, бараат помош од по 75.000 денари од нашиот буџет или вкупно 300.000 денари“, рече Милошевски.
Веднаш ова барање доби и поддршка од првиот човек на РФМ, Живко Мукаетов, кој потенцира дека во ова тешко време мора да им се помогне.