Пауло Пецолано, уругвајскиот тренер е назначен за нов тренер на шпанскиот прволигаш Ваљадолид. 39-годишниот стратег доби сериозна задача, да го избори опстанокот на клубот во Ла Лига. Тој потпиша договор до јуни 2024 година.
Ова е негово прво искуство во Европа затоа што претходно работеше во бразилски Крузеиро, мексиканската Пачука и Ливерпул од Монтевидео.
Пецолано доаѓа на местото на Пачета. Ваљадолид е на 16. место по 27 кола.