Феникс го потврди плеј-офот, Ембид со МВП издание (ВИДЕО)

127

Кошаркарите на Хјустон го совладаа Денвер со 124:103 и го спречија да го обезбеди првото место во Западната конференција пред плеј-офот. Џејлен Грин го предводеше Хјустон до победа со 32 поени, додека кај гостите најефикасен беше Мајкл Портер со 23 поени и седум скока. Српскиот центар Никола Јокиќ постигна 14 поени со 10 скока и четири асистенции.

Денвер останува прв во поредокот на Западот со 52 победи и 27 порази, но допрва треба да го обезбеди првото место, бидејќи второпласираниот Мемфис има 50 победи и се уште е во игра за врвот.

Феникс го победи Сан Антонио со 115:94 со што го потврдија своето место во плеј-офот. Девин Букер со 27 поени и седум скока и Крис Пол со 22 поени беа автори на победата на „сонцата“. Деандре Ајтон постигна 19 поени и 11 скока, а Кевин Дурент 18 поени за Феникс, кој ниту во еден момент не беше во негатива.

Феникс ја освои шестата последователна победа и со една победа во преостанатите три натпревари ќе обезбеди најмалку четврто место на Западот.

Во исклучително возбудлив меч, Филаделфија го победи Бостон со 103:101, предводена од најдобриот стрелец во лигата, Џоел Ембид, кој постигна 52 поени со 13 скока и шест асистенции. Џејмс Харден додаде 20 поени и 10 асистенции, а Пи Џеј Такер 11 поени.

Во тимот на Бостон најефикасен беше Дерик Вајт со 26 поени.

НБА РЕЗУЛТАТИ:

Шарлот – Торонто 100-120

Детроит – Мајами 105-118

Орландо – Кливленд 113-117

Вашингтон – Милвоки 128-140

Бруклин – Минесота 102-107

Чикаго – Атланта 105-123

Хјустон – Денвер 124-103

Мемфис – Портланд 119-109

Њу Орлеанс – Сакраменто 103-121

Филаделфија – Бостон 103-101

Јута – ЛА Лејкерс 133-135 (прод.)

Голден Стејт – Оклахома 136-125

Феникс – Сан Антонио 115-94

ПретходноЧелзи нема намера да носи нов менаџер до крајот на сезоната
СледноМилнер стана трет фудбалер со најмногу настапи во Премиер лигата