Одличен потег на раководството на Феникс 2010. Имено нивниот натпревар со МЗТ Скопје, ќе биде од хуманитарен карактер и тоа со цел да му се помогне на болниот Никола Ѓорѓиев.
А еве што објавија од страна на Феникс 2010 во пресрет на овој меч:
Во 21. коло од Првата лига не очекува натпревар со актуелниот шампион МЗТ Скопје. Истиот ќе биде одигран на 10.04 (понеделник) со почеток од 18 часот во СЦ „Јане Сандански“, а ќе има хуманитарен карактер за помош на Никола Ѓорѓиев.
Деветнаесетгодишниот Никола кој е без родители и живее со своите баба и дедо боледува од карционом на коските и му е потребно лекување во Турција.
Наместо билет за натпреварот одлучивме на влезот на спортскиот центар да биде поставена кутија за донација во која мора да издвоите најмалку 100 денари.
Започнете ја седмицата со добра кошарка против АБА-лигаш, натпревар во кој силите ќе си ги одмерат сегашни и идни репрезентативци, реванш на финалето во Купот на Македонија, но и најбитно – бидете хумани. Заедно да помогнеме кога е најпотребно!
Во очекување на натпреварот може да помогнете и со донација на телефонските броеви:
143 117 на Telekom MK
143 488 на А1 Македонија
Апел за помош на Никола Ѓорѓиев