Фиорентина после 63 години запиша девет едноподруго победи

117

Екипата на Фиорентина е многу блиску до финалето на Купот на Италија откако вечерва на гостувањето кај Кремонезе славеше со 2:0. Артур Кабрал со гол во 20 минута ги доведе „виолетовите“ во водство, а Нико Гонзалез  од пенал во 75 минута ги постави конечните 2:0. Од 73 минута Кремонезе играше со фудбалер помалку поради црвениот картон на Аиву поради игра со рака во својот шеснаесетник.

ГОЛОТ НА КАБРАЛ ПОГЛЕДНЕТЕ ГО НА ОВОЈ ЛИНК

ГОЛОТ НА ГОНЗАЛЕЗ ПОГЛЕДНЕТЕ ГО НА ОВОЈ ЛИНК

Реваншот е на 27 април во Фиренца. Подобриот оди во финале со подобриот од другиот полуфинален меч меѓу Интер и Јувентус (првиот меч заврши 1:1).

Она што е интересно, Фиорентина за првпат по 1960 година нанижа девет победи по ред во една сезона.

Серијата почна на 23 февруари во победата над Брага со 3:2 во Лигата на конференции. Следуваа победи над Верона и Милан во Серија А, па над Сивас во ЛК, па Кремонезе во Серија А, па на реваншот со Сивас во ЛК, па над Лече и Интер во Серија А и вечерва над Кремонезе во Купот.

ПретходноБензема и Винисиус ја растурија Барса и го однесоа Реал во финале на Купот (видео)
СледноНант избори финале во Купот, навивачите во „транс“ (видео)