Бензема и Винисиус ја растурија Барса и го однесоа Реал во финале на Купот (видео)

1028

Реал Мадрид се пласира во финалето на Копа дел Реј откако вечерва славеше на „Ноу Камп“ против Барселона со 4:0. На првиот меч на „Бернабеу“ тимот од Каталонија славеше со 1:0, па вечерва ја бранеше предноста и не успеа да ја одбрани.

„Кралскиот клуб“ се врати кога беше најпотребно. По трите едноподруго порази од Барса (Суперкупот, првенството и првиот меч од полуфиналето на Купот) сега на маестрален начин му врати на лутиот ривал.

Винисиус со гол во 45 минута го отвори резултатот на асистенција на Карим Бензема.

Во второто полувреме токму Бензема со три гола ја заокружи победата на Реал и пласманот во финалето.

Инаку Реал во финалето на Купот ќе игра против Осасуна на 6 мај на стадионот „Ла Картуха“ во Севиља.

ГОЛОТ НА ВИНИСИУС ПОГЛЕДНЕТЕ ГО ОВДЕ

ПРВИОТ ГОЛ НА БЕНЗЕМА ПОГЛЕДНЕТЕ ГО ОВДЕ

ВТОРИОТ ГОЛ НА БЕНЗЕМА ПОГЛЕДНЕТЕ ГО ОВДЕ

ТРЕТИОТ ГОЛ НА БЕНЗЕМА ПОГЛЕДНЕТЕ ГО ОВДЕ

ПретходноЊукасл и Ман. Јунајтед со нови бодови во трката по ЛШ
СледноФиорентина после 63 години запиша девет едноподруго победи