Нант избори финале во Купот, навивачите во „транс“ (видео)

223

Екипата на Нант ќе го брани трофејот во Купот на Франција откако вечерва со победата над Лион избори пласман во финалето. „Канаринците“ славеа на домашен терен со голот на играчот за врска Лудовик Блас и така втора година по ред ќе играат финале на Купот.
ГОЛОТ НА БЛАС ПОГЛЕДНЕТЕ ГО ОВДЕ

Нивниот противник во финалето ќе биде познат утре, а за место се борат второлигашот Анси и прволигашот Тулуз.

Инаку Нант е четирикратен освојувач на Купот, а освен во 2022 година трофејот го освои во 2000, 1999 и 1979 година.

ФОТО: twitter.com/FCNantes

ПретходноФиорентина после 63 години запиша девет едноподруго победи
СледноПоради една реченица на Анчелоти експлодира соблекувалната на Реал (ВИДЕО)