Екипите на Њукасл и на Манчестер Јунајтед забележаа победи на своите дуели во рамките на Премиер лигата. „Црвените ѓаволи“ славеа на свој терен со 1:0 против Брентфорд со гол на Маркус Рашфорд во првото полувреме.
А Њукасл славеше со 5:1 на гостувањето кај Вест Хем. По два гола постигнаа Калум Вилсон и Жоеилтон, а еден Алекс Исак за важни бодови за „страчките“ во трката по место во ЛШ.
Њукасл е трети на табелата, а Јунајтед е четврти на табелата со по 53 бода по 28 кола. Зад нив е Тотенхем со три бода помалку но и меч повеќе.