Аурелио Де Лаурентис, газдата на Наполи, клубот за кој успешно игра и нашиот Дијаман Елиф Елмас, секогаш има нешто интересно да каже. Тој не крие дека е горд што неговиот Наполи сезонава по 33 години повторно ќе биде шампион во Италија, но сепак тој деновиве е во центарот на вниманите за нешто друго.
А тоа е евентуалната продажба на клубот од Неапол на пребогатите Арапи:
“До мене, како прв човек на Наполи, стигна неверојатна астрономска понуда за продажба на клубот. Сумата беше 2,5 милијарди евра, но јас веднаш ја одбив. Видете, Наполи е семејна играчка и не ја даваме никому, за никакви пари, па дури и на богатите Арапи кои понудија милијарди“ истакна Де Лаурентис.