Иконата на Челзи, фудбалската легенда на клубот, еден од најдобрите фудбалери на клубот од “Стемфорд Бриџ“ повторно ќе седне на клупата и ќе биде тренер, но сега само како привремено решение.
Да потсетиме дека Лампард пред две години беше прв тренер на “сините“, но по лошите резултати доби отказ и место него тогаш во Челзи како стратег дојде Томас Тухел.
Како што пренесуваат медиумите на Островот, но и сите меродавнни низ Европа, Лампард се согласил да го води Челзи до крајот на сезоната, за да клубот има време да најде соодветно решение.
Се споменуваат Луис Енрике, Јулиен Нагелсман, Маурицио Покетино…