Во кошаркарскиот клуб на Куманово не цветаат „рози“, а на трпението на играчите и стручниот штаб му дојде крајот. Не само што се должат пет плати, туки овој тим нема основни услови за тренирање, ниту за функционирање како што доликува на еден професионален тим.
Тие заедно излегоа со соопштение вое се вели дека после мечот со Струмица се подготвени да бојкотираат, не можат да премолчат на лажните ветувања.
„Во името на сите играчи и стручен штаб на КК Куманово сакаме да ја известиме јавноста за реалната ситуација во клубот. Пред се Кумани како навивачка група, и Куманово како кошаркарски град. Сметаме дека кумановци заслужуваат да ја знаат вистината за клубот кој безусловно го бодрат. Долг од 5 плати, ладна сала која протекува, тејпови за бандажирање, физиотерапевт, вода за пиење, па дури и искинати мрежи на кошевите, терапија за повредените играчи. Ова е само еден мал дел од проблемите со кој се соочуваме во текот на цела натпреварувачка сезона. Кошарката во Куманово е заложничка на две спротивставени структури кој управуваат со клубот, единствени директни жртви сме ние играчите и стручниот штаб.
Слушавме информации дека клубот ке биде продаден, но тоа не се случи, градските власти немаат намера да помогнат. Прашуваме дали градоначалникот ке дозволи во големата сала која се реновира да нема прволигашка кошарка!?! Што се однесува до добиениот ваучер со кој треба клубот да застане цврсто на нозе горенаведените структури не се способни да го уновчат, најавуваме дека после натпреварот против Струмица во недела целосно застануваме зад нашите барања и нема да тренираме и играме натпревари, а сите знаете дека со два службени натпревари клубот испаѓа во најнизок ранг. Доста беше со лаги и празни ветувања од луѓето кој го водат клубот, овој пат нема отстапка. Дозволете ни да играме кошарка и да се врати клубот на старите патеки и кумановци да се вратат во сала!!!“, се вели во соопштението,