МЗТ Скопје на втор меч во низа ќе биде без првиот тренер, Драган Николиќ. По мечот со Задар на домашен терен, предводникот на актуелниот македонски првак мораше да оди во домашна изолација, причината е коронавирус.
Па наместо Николиќ и на дуелот против Сплит на гостински терен ќе биде Васко Атанасов. Поради иста причина во Сплит не замина ниту Андреј Андоноски, кој исто така беше тестиран позитивен на коронавирусот и кој нема да биде во тимот на утрешната средба.
МЗТ Скопје мора да го победи Сплит, а потоа да чека пораз на Борац од Црвена Звезда.