Тулуз против Нант во финалето на Купот на Франција. Вечерва тимот од југот на Франција успеа да го совлада второлигашот Анси со 1:2 во полуфиналето и тоа благодарение на гол во финишот и помош на ВАР.
Абуклал во 36 минута го доведе Тулуз во водство, меѓутоа веднаш потоа изедначи Босети со гол од пенал. Чаиби во 85 минута пак носи предност за Тулуз, а тој гол ќе се покаже и како победнички.
Во 90 минута Анси стигнува до изедначување но голот на Дион е поништен по реакција на ВАР поради офсајд.
Така Тулуз после 66 години ќе игра финале на Купот. Токму во 1957 година Тулуз во единственото куп-финале го освои трофејот со победа над Анже. Во 1967 година клубот згаснува, а три години подоцна е роден новиот Тулуз кој опстојува до денешен ден.
Инаку финалето меѓу Тулуз и Нант е закажано за 29 Април на Стад д’Франс“ во Париз.