Вест Хем игра катастрофално сезонава, а во средата доживеа дебакл од Њукасл на свој терен (1:5). Навивачите се незадоволни, клубот може да испадне од лигата, а по мечот новинар на Вест Хем Фан ТВ зборуваше со навивачите, а средна еден навивач во инвалидска количка од кого доби урнебесен одговор.
„Тоа беше еден од најлошите натпревари што сум ги видел во животот, а видов бројни ср*** Ова е полошо од тоа. Оној прв гол, што направи Тило Керер? Јас не можам да одам, но гледајќи како играат фудбал, ми даваат надеж дека можам да станам фудбалер“, рече Џорџ Барнард кој со години ги гледа мечевите на Вест Хем од количка во првите редови на стадионот.
Тој вели дека тренерот Дејвид Мојс требало да добие отказ уште во август.