Шпанскиот фудбалер Педро ќе мора да и плати на Рома обештетување од еден милион евра доколку го продолжи договорот со Лацио, пренесуваат италијанските медиуми. Шпанецот дојде во Лацио во 2021 година како позајмен, а има договор до 30 јуни оваа година.
Засега нема наговестувања за продолжување на соработката, меѓутоа ако дојде до тоа и Педро сака да остане во Лацио ќе мора ја плати споменатата сума затоа што има таква клаузула во договорот.
Италијанските медиуми истакнуваат дека оваа клаузула постои само за фудбалери кои директно од Рома одат во Лацио. Педро е првиот играч од 1985 година, кој директно од Рома се пресели во Лацио, по голманот Астутило Маџоли.