Беа понижени од Реал, па стигна брутална провокација од германскиот клуб!

4385

Барселона не успеа да се пласира во финалето на шпанскиот Копа дел Реј откако синоќа беше понижена пред своите навивачи против лутиот ривал Реал Мадрид кој ја совлада со 4:0. Каталонците се цел на потсмев на социјалните мрежи, но навистина не очекуваа прозивка од германскиот клуб.

Ајнтрахт Франкфурт реши да ја исмејува Барселона на „Твитер“ и се присети на минатата година кога и овој клуб им зададе тежок удар на Каталонците и ги исфрли во полуфиналето од Европската Лига.

Германскиот клуб порача: „Знаеме како е да се прави забава во бело на тој стадион“, а таа порака ги воодушеви навивачите на Реал, додека кај симпатизерите на Барса не помина најдобро.

ПретходноСамба во соблекувалната на „кралевите“, Модриќ ги насмеа сеирџиите (ВИДЕО)
СледноЕкс тренер на Шкендија ќе го води Динамо Загреб!