Вардар 1961 без милост кон Војводина!

243

Екипата на Вардар 1961 ја оправда фаворитската улога против Војводина на првата четвртфинална пресметка во СЕХА-лига. Актуелниот македонски првак на домашен терен славеше со 38-25 и веќе е на фајнл-фор завршницата, местото ќе го потврди на реваншот.

Вардар 1961 со половина сили лесно го запиша убедливиот триумф. Во 20. минута поведе со двоцифрени 17-7 со голот на Ќосевски. На одморот предноста беше 22-11. На другата страна гостите немаа решение за играта на македонскиот тим, младиот состав беше инфериорен. Шанса добија сите ракометари, тука мислиме на оние кои имаат мала минутажа.

Листата на стрелци ја предводеа Чувара и Моралес, заедно постигнаа 18 гола. Првиот постигна десет, вториот осум. Томовски имаше седум одбрани, додека Гогов пет.

ПретходноНено и Уникс во полуфиналето на ВТБ-лигата
СледноИвица Олиќ е нов селектор на Хрватска У21