Во Барса гневни по дебаклот: Лапорта пречкртал четири имиња, во јуни добиваат „шут -карта“!

3475

Барселона синоќа доживеа невидена бламажа. На свој терен беше катастрофално поразена со 0:4 од својот вечен ривал, тимот на Реал Мадрид во реваншот од 1/2 финалето во Купот на Кралот.

Како што пренесуваат медиумите во Каталонија, Хоан Лапорта, првиот човек на клубот бил многу гневен на изведбата ба своите играчи, но посебно на четворица кои ги пречкртал и во јуни добиваат „шут – карта“.

Пред се тоа е Рафиња, кој синоќа беше очаен, потоа Франк Кеси кој го направи пеналот на ступиден начин по кој гостите поведоа со 0:2. Тука е уште Маркос Алонсо, како и Серхио Роберто.

Овие четворица во јуни ќе мора да си одат од “Камп Ноу“.

Лапорта бил гневен и на Левандовски и на Бускетс, но сепак тие двајца не се нашле на неговиот список.

ПретходноМатеј Ангелов е најмладиот капитен на Работнички
СледноНено и Уникс во полуфиналето на ВТБ-лигата