Георгиевски пред Војводина: Немаме време за тагување, ниту пак простор за грешки!

163

Вардар 1961 денеска (18 часот) на домашен терен ја пречекува Војводина во првиот четвртфинален меч за пласман на завршницата во СЕХА-лига. Актуелниот македонски првак нема време за тагување по поразот од Алкалоид, оди напред кон новата обврска и победа која ќе ги излечи раните.

На досегашните меѓусебни натпревари, во Скопје на седум натпревари, шестпати победувал Вардар. Српскиот тим единствено во 2014 година успеал да триумфира (25-23). Лани играа само еден меѓусебен дуел во Нови Сад во групната фаза, а „црвено-црните“ беа поразени со со 16-26.

„После еден тежок период со многу мечеви доаѓа и овој со Војводина. Нема време за тагување и размислување. Гледаме напред. Војводина игра добро во европските купови. Имаат и млади и искуни играчи. Од лани се многу поквалитетни. Првиот меч е предност што играме дома. Ние сме фаворити да го добиеме мечот со повисока разлика, и да мислиме после на вториот. Кога се брка резултат е потешко. А имаме и повеќе време за одмор, бидејќи не треба да патуваме.

Сега распоредот е згуснат, се игра постојано. Треба да се одмориме физички, но со главите да бидеме во мечот, немаме право на грешки повеќе.
Имаат добра бековска линија. Пуховски знае добри да соработува со пивотменот. Имаат транзиција добра, и ние треба подобро да се враќаме во одбрана. Затоа нашата одбрана ќе биде на испит и ќе треба добро да одиграме тука, за да можеме после во напад да дадеме гол“, изјави Гоце Георгиевски. 

ПретходноЕкс тренер на Шкендија ќе го води Динамо Загреб!
СледноИвановски поразен во 1/8 финалето на турнирот во Дубровник!