Дон Карло како да е Нострадамус! (ВИДЕО)

661

Цел фудбалски свет остана без зборови за вчерашната изведба на Реал Мадрид среде “Камп Ноу“, кога момците на Карло Анчелоти едноставно ја “шекнаа“ Барселона со 0:4, па така изборија пласман во финалето во Купот на Кралот.

Инаку, Дон Карло како да е Нострадамус, па тој уште на 18 февруари предвиде дека во финалето ќе играат Реал и Осасуна.

Токму на тој ден Реал и гостуваше на Осасуна, а после мечот Карло му кажа на тренерот на Осасуна, Арасетуа, дека во финалето ќе играат нивните два тима.

По овие зборови на Анчелоти, се гледа дека стратегот на Осасуна беше воодушевен.

И тоа се оствари…

ПретходноСудии за ВМФЛ: Пилешков ќе му суди на Вардар во Врапчиште
СледноЦрно им се пишува на “каталонците“: Ла Лига ќе ја казни Барса со -15 бодови, а Чеферин ќе ја исфрли од ЛШ!