Екипата на Анадолу Ефес продолжува со лошите партии сезонава, а вечерва доживеа пораз од Фенербахче со 103-86 во турското дерби и со тоа остана без пласман во Топ 8 на Евролигата. Тоа значи дека Ефес нема да игра во плеј-офот и Европа ќе добие нов кошаркарски првак.
Хајс со 26 бода и Дорси и Пјер со по 17 поени го предводеа Фенербахче, а за Ефес најефикасен беше Клајбурн со 21 поен, а Мициќ постигна 16.
Ефес е на 11 позиција по 33 одиграни меча со скор од 16 победи и 17 порази. Ефес до крајот ќе игра уште со Монако.
Фенербахче е петти на табелата и со оваа победа ја прекина мини серијата од два порази во Евролигата.