Кошаркарите на Црвена Звезда го совладаа Олимпијакос во 33.коло на Евролигата. Избраниците на Душко Ивановиќ славеа над лидерот со 87:79.
Звезда ги загуби шансите за Топ 8 но тоа не ги обесхрабри да одиграат добро и да извојуваат победа. Пред полни трибини во салата „Пионир“, предводени од расположениот Факундо Кампацо, Црвена Звезда запиша нова победа во Евролигата.
Олимпијакос на полувреме отиде со предност од 45:47, а во вториот дел Звезда се разигра, пред се беше одлична во одбраната па во третата четвртина стигна до предност која успеа да ја сочува до крајот.
Во победничкиот тим Кампацо постигна 20 поени, Џон Холанд постигна 17, а Лука Вилдоса 12. Кај Олимпијакос Волкап и Везенков постигнаа по 15 поени.
Истовремено се играше меч и во Каунас. Домашниот Жалгирис го совлада Макаби Тел Авив со 68:67.