Македонија до 18 години со двомеч против Црна Гора

807

Репрезентацијата на Македонија до 18 год ќе одигра два пријателски натпревари со соодветната репрезентација на Црна Гора во Скопје на 11.04 од 15:00 и на 13.04 од 12:00.

Во доста променет состав во однос на натпреварот со Азербејџан, селекторот Тони Јакимоски се одлучи претежно за играчи од домашното првенство, со оглед на фактот што ова не е класичен ФИФА термин за одигрување на меѓународни репрезентативни средби.

Сепак, селекторот Јакимоски секако дека ќе има дополнителна можност да се увери во квалитетите и моменталната форма на ростерот кој го повика и секако да испроба дополнителни варијанти како со составот така и на тактички план.

ПретходноМисијата ЕП на ракомет на плажа стартуваше: Се учат правилата, се гледа со голем оптимизам (ФОТО)
СледноПокрај Николиќ и еден играч на МЗТ Скопје е позитивен на Ковид19!