Големата надеж на тимот на Работнички, младинскиот репрезентативец на Македонија, Матеј Ангелов на свои 18. години стана најмладиот капитен на тимот на Работнички. Играчот за врска изминатиот викенд на дуелот против Македонија ЃП на гостински терен, Ангелов го поведе својот тим иако беше еден од најмладите на теренот. Работнички загуби, но ќе остане запаметено дека во плејадата на млади и перспективни фудбалери кои продефилирале во дресот на „Романтичарите“ токму Ангелов е играчот со кој Работнички како најмлад капитен стартувал еден меч.
Не дека немал конкуренција, во легенди на клубот како Баже Илијоски, или пак, сегашните А репрезентативци од типот на Елиф Елмас, Дарко Велковски, Ѓоко Зајков и ред други, но ете токму родениот штипјанец ќе го има барем засега овој епитет, најмлад капитен на ФК Работнички на еден официјален меч.