Мисијата ЕП на ракомет на плажа стартуваше: Се учат правилата, се гледа со голем оптимизам (ФОТО)

302

Македонија со женскиот национален тим се враќа на ракомет на плажа после долго време. На покана на ЕХФ, РФМ ја прифати понудата да има свој претставник на Европското првенство кое ќе се одржи во Португалија.

По вчерашната седница на УО, на која Златко Мојсоски беше претставен како селектор, а Ања Алтхаус како негово помошник, додека Марјан Начевски како координатор, денеска тие имаа средба со ракометарките кои треба да бидат дел од контитенталното натпреварување.

„Нашата цел да се претставиме во добро светло. Тука има девојки кои веќе знаат што е ракомет на песок, другите во овој краток период ќе ги научат правилата и се што е поврзано. Времето ни е непријател, добро е што сте физички сте подготвени. Ќе собираме еднаш неделно, се надевам дека ќе успееме да се вклопиме и ќе ја претставиме Македонија во најдобро светло. Не треба да се плашиме, се учи и во порази и во победи“, им се обрати Мојсоски.

Алтхаус доби нова шанса да работи во Македонија. Сега таа е помошник на Мојсоски, а веќе има некое кратко искуство со ракомет на плажа.

„Го познавам овој спорт веќе година и пол и навистина е неверојатен. Во Македонија  живеам веќе девет години, го респектирам талентот кој го имаат ракометарките, па ова ќе биде шанса да направите нешто ново во овој спорт. Станува збор за неверојатно натпреварување. Мора да го разбереш просторот и правилата“, рече Ања.

Марјан Начевски кој е координатор и воедно има најголемо искуство во ракомет на плажа преку видео-записи се обиде да им ги објасни правилата на ракометарките. Тој веќе има подготвено материјали и истите ќе им бидат испорачани. Со тренинг и теорија вели дека за одреден период македонската репрезентација може да го даде посакуваниот резултат.

„Сакаме девојки кои сакаат да направат нешто што сега не постои тука. Најважно е да се влезе во сето ова со љубов и срце. Преку ноќ не може да се направи резултат, мора да се биде трпелив, но јас верувам дека можеме да успееме“, беше дел од говорот на Начевски. 

ПретходноМбапе удри по својот клуб: ПСЖ е голем клуб, но не е Килијан Сен Жермен! (ВИДЕО)
СледноМакедонија до 18 години со двомеч против Црна Гора