Италијанската финансиска полиција влезе во Рома, Лацио и Салернитана. За овие три клуба постои сомневање за нереално високи суми на трансфери на играчи, прекршување на законите за водење на финансиските книги и внесување на лажни податоци.
За Рома се врши истрага за трансфери во периодот од 2017 до 2021 година (со исклучок на 2020 година), вмешани се осум луже меѓу кои и газдите на групацијата Фридкин и бившиот газда Џејмс Палота, како поранешниот извршен директор Умберто Гандини.
За Лацио и Салернитана (во периодот од 2017 до 2121) постои сомневање дека направиле продажба на играчи меѓу нив, а до неодамна двата тима му припаѓаа на ист сопственик, Клаудио Лотито, кој издавал фактури за непостоечки транскации, се наведува во извештаите на агенциите АГИ и Анса. Покрај Лотито, под истрага е и спортскиот директор Игли Таре, како и уште петмина луѓе од раководството на клубот.