Екипата на Бадел 1862 со убедлива победа ја започна одбраната на тронот, го совлада составот на Гризли Баскет со убедливи 93-45 и поведе со 1-0 во четвртфиналето на плеј-офот.
Потврдата за една таква констатација стигна уште во раната фаза од првиот натпревар од серијата. На истекот на првите десет минути, „баделки“ веќе имаа убедливи (27:6), разлика која без проблем ја одржуваа до крајот. По 51:19 на полувремето беше решено името на победнико.
Димковска постигна 15, Димитријевиќ, Петровска, Марковска и Матиу дадоа по 11, а еден помалку реализира Чолакоска. Тодевска беше и единствена во составот на Гризли која имаше двоцифрен број на поени – даде 10.
На останатите средби, МЗТ Скопје Аеродром беше подобар со 68:73, додека Баскет Кам беше проблем славеше против Пробаскет со 103:69. Струга поведе со 1-0 против Крива Паланка, беше подобар со 77:69.
ПРВА ЛИГА-ЖЕНИ- ПЛЕЈ-ОФ – ЧЕТВРТФИНАЛE
РЕЗУЛТАТИ – ПРВ НАТПРЕВАР
Бадел 1862 – Гризли 93:45 (1-0)
Вардар – МЗТ Скопје Аеродром 68:73 (0-1)
Баскет Кам 2011 – Пробаскет 103:69 (1-0)
Крива Паланка – Струга 2009 69:77 (0-1)