Реал Мадрид стигна до 23. победа во Евролигата

105

Екипата на Реал Мадрид без проблем славеше победа над Баерн на свој терен во 33 коло на Евролигата. „Кралевите“ победија со 79:67, а уште од стартот направија предност и која ја држеа до крајот на мечот.
Ова е 23 победа на Реал во Евролигата и е на второто место на табелата веднаш зад лидерот Олимпијакос кој остана прв и покрај поразот од Црвена Звезда. Па така Реал се најде во ситуација во идното, последно коло да избори и прво место пред плеј-офот.
Кај Реал најефикасен беше Хезоња со 20 поени, Муса постигна 11, додека кај Баерн најмногу поени постигна Обст 21.
На другите мечеви Валенсија ја победи Болоња со 79:68, Фенербахче беше подобар од Анадолу Ефес со 103:86, а Басконија славеше над Лион Вилербан со убедливи 120:100.
Црвена Звезда го победи Олимпијакос со 87:79, додека Жалгирис го совлада Макаби ТА со 68:67.

ПретходноТулуз по 66 години ќе игра финале на Купот на Франција
СледноЦрвена Звезда со порака до Лука Дончиќ – местото те чека!