Самба во соблекувалната на „кралевите“, Модриќ ги насмеа сеирџиите (ВИДЕО)

3556

Фудбалерите на Реал Мадрид на големо ја прославија победата над Барселона од 4-0 во Купот и пласманот во финалето. На социјалните мрежи има бројни видеа од соблекувалната на „кралевите“.

Едно од нив е како играат самба, а на јавноста во очи и падна Лука Модриќ. Искусниот хрватски репрезентативец одигра уште еден маестрален натпревар, а потоа максимално се опушти. Винисиус Жуниор ја крена на нозе целата соблекувална, а Модриќ се потруди со сите сили да ги ископира танцовите чекори на соиграчот, но навистина не успеа и многумина се насмеаа.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Real Madrid C.F. (@realmadrid)

ПретходноНа кошаркарите на Куманово им дојде преку глава – најавија бојкот!
СледноБеа понижени од Реал, па стигна брутална провокација од германскиот клуб!