Фудбалскиот сојуз на Саудиска Арабија му ја понуди работата селектор на репрезентацијата на легендарниот Жозе Мурињо и му подготви нереална понуда. За двегодишна соработка „Посебниот“ може да заработи 120 милиони евра.
Ова е понуда која ниту еден од тренерите досега не ја добил. Специјалниот заработил огромни бројки во текот на кариерата, но кога некој ви нуди такви фигури, многу е тешко да се каже „НЕ“.
Жозе моментално е фокусиран на завршување на сезоната со Рома. Веројатно многу добро ќе размисли за понудата што дојде бидејќи тоа е најголемата понуда во историјата на тренерот.
Жозе Мурињо е на клупата на Рома од 2021 година. Минатата сезона на овој тим му го донесе европскиот трофеј со освојувањето на Конференциската лига, а претходно освои бројни трофеи во тимовите каде што работеше.
Сè започна со Порто во 2002 година. Со освојувањето на Купот на УЕФА и Лигата на шампионите, Жозе го зацврсти своето место во историјата и продолжи да управува и да освојува титули со Челзи, Интер, Реал и Манчестер Јунајтед.
Да потсетиме, Саудиска Арабија успеа да го донесе Кристијано Роналдо во својата лига со понуда од 200 милиони евра годишно, но Лионел Меси одби нереални 400 милиони за да премине во тимот на Ал Хилал.