Црно им се пишува на “каталонците“: Ла Лига ќе ја казни Барса со -15 бодови, а Чеферин ќе ја исфрли од ЛШ!

14730

Онаа бламажа што ја доживееја синоќа на “Камп Ноу“ и тоа од Реал Мадрид, сепак не е ништо во споредба со она што ја чека Барселона. Имено денеска медиумите во Шпанија наголемо пишуваат дека црно им се пишува на “каталонците“ и тоа поради случајот “Негреира“, за кој Барселона е на суд поради обвинение дека купувале судии.

Се коментира дека ако се докажат обвиненијата тогаш раководството на Ла Лига ќе ја санкционира Барса со одземање на -15 бодови, тоа значи дека иако има голема предност пред Реал, тешко дека “каталонците“ и официјално би биле шампиони.

Од друга страна Александар Чеферин, првиот човек на УЕФА, кој вчера беше избран за трет мандат, најава беспоштеддна битка за ваквите “криминални работи“ и дека УЕФА нема да има милост за никого.

Со други зборови, а тоа се говори и во кулоарите во УЕФА, дека Барселона најдоцна до јуни ќе добие забрана да игра во Лигата на Шампионите во следната сезона.

ПретходноДон Карло како да е Нострадамус! (ВИДЕО)
СледноЛоши вести од Италија: Берлускони има леукемија!