Игор Бишчан му е нов тренер на Стефан Ристовски во Динамо Загреб

311

Досегашниот селектор на У21 репрезентацијата на Хрватска, и екс репрезентативец на оваа земја, Игор Бишчан ќе биде нов тренер на екипата на Динамо Загреб.

Откако се случи вчерашниот бродолом во Шибеник и испаѓањето во Купот на Хрватска, Динамо реши да му врачи отказ на Анте Чачиќ и во последните 24 часа, и тоа како се шпелкулираше со неговиот наследник.

Изборот падна токму на Бишчан кој е роден загрепчанин со години го носеше дресот на Динамо Загреб, а беше и стандарден репрезентативец на Хрватска.

Одлично се снајде и како стратег како на клупата на Рудеш, па потоа и на Олимпија, за да извесен период ја води и Ријека. Успех имаше и како селектор на У21 репрезентаицијата.

Нашиот репрезентативен капитен Стефан Ристовски и неговите соиграчи секако дека со Бишчан на чело ќе се обидат да излезат од големата резултатска, но пред се играчка криза која ги зафати периодов.

 

ПретходноДе Лаурентис: Арапите за Наполи понудија 2,5 милијарди евра, но ги одбив!
СледноМатеј Ангелов е најмладиот капитен на Работнички