Некогашниот столб во одбраната на Интер, Марко Матераци откри дека имал емотивна разделба со тренерот Жозе Мурињо. Португалецот го предводеше Интер до тројна круна, а потоа ја напушти „Меаца“, а на негово место дојде Рафаел Бенитез.
„Мурињо беше специјален. Ги знаеше имињата на нашите деца и на нашите сопруги. Бев навистина тажен кога тој ни кажа дека ќе си оди. Му реков да се е*е. Му го реков тоа бидејќи ме остави со Бенитез“, откри Матераци во гостување во еден подкаст.
“Mourinho was special, he knew all of our wives and kids names. I was sad when he left… I told him v*ffanculo because he left me with Benitez”
– Marco Materazzi 😂😂 pic.twitter.com/DSpooQNATK
— Italian Football TV (@IFTVofficial) April 5, 2023