Филип Миркуловски повторно се врати како прв тренер на Вецлар, откако Хрвоје Хорват си замина од клубот. Тимот за кого настапува и македонскиот репрезентативец, Филип Кузмановски на гостински терен го совлада Гопинген со 26-28 во рамките на 26. коло во Бундес-лигата.
Гостите до победата дојдоа по пресврт, во самиот финиш. Се чинеше домаќинот ја има контролата, но со серија од четири гола во низа, Вецлар поведе со 23-27, доволно за мирен финиш.
Со овој триумф, Вецлар направи чекор напред кон опстанок во ова друштво, ја запиша шестата победа и сега има 13 бода.
Кузмановски не успеа да се запише во листата на стрелци, имаше два неуспешни обиди и една асистенција.