Поради една реченица на Анчелоти експлодира соблекувалната на Реал (ВИДЕО)

4799

Реал Мадрид влезе во големото „Ел Класико“ со гол заостанување од првиот натпревар на стадионот „Сантијаго Бернабеу“. Сепак, во реваншот пред речиси 95.000 луѓе, кралевите го совладаа најголемиот ривал со 4:0 и одат во финалето на Купот на Кралот, каде што ги очекува Осасуна.

По натпреварот очекувано имаше големо славје во редовите на Реал. Се прослави на теренот и во соблекувалната, а тренерот на кралскиот клуб Карло Анчелоти со една реченица предизвика вистинска експлозија во соблекувалната.

Фудбалерите на Реал мирно го слушаа говорот на искусниот стручњак, а потоа на крајот дојде реченица која ги натера сите да скокаат од радост.

Утре е слободен ден“, изјави Карло Анчелоти, по што дојде до ерупција во соблекувалната. Се чини слободните денови се реткост, но кога ќе се земе во предвид дека истот доаѓа по триумфот над Барселона…

ПретходноНант избори финале во Купот, навивачите во „транс“ (видео)
СледноНов скандал во Италија: Полиција упадна во Рома, Лацио и Салернитана!