Иако минаа речиси две недели од мега – дербито меѓу Вардар 1961 и Е. Пелистер, во спортската јавност во Македонија, инцидентите на тој меч и натаму се топ тема.
Јасно е дека надлежните во РФМ поведоа постапка, од двете страни побарани се дополнителни изјави, а челниците на Вардар денеска тоа го сторија, доставија дополнителна изјава за настаните на тој меч.
Во изјавата, покрај другото се вели дека Вардар како организатор на овој меч ги презел сите мерки дербито да мине во најдобар ред, но се тргнало наопаку и настаните почнале да се одвиваат надвор од контрола со влегувањето на Чкембарите.
Се наведува дека потфрлиле сите лица задолжени за безбедноста.
Вардар ги обвинува гостите дека соблекувалната на гостите било хаос, речиси била демолирана и затоа Пелистер мора да си плати отшетата.