Емполи остана непоразен на „Сан Сиро“: Жиру постигна гол, но ВАР го поништи

129

Милан и Емполи одиграа меч без голови во 29. коло од Серија А. И двата тима одиграа под очекувањата, па и не случајно резултатот остана каков што беше и на самиот старт.

Милан беше фаворит, создаваше прилики, но гостинскиот голман успеа да ги одбрани сите обиди на домашните. Милан имаше неколку ситуации во кои се прегледуваше ВАР за пенал, но ништо од најстрога казна за домашните.

Во самата завршница, домашните, по многу мака конечно успеаја да погодат. Жиру успеа да ја смести топката во гостинската мрежа, но од ВАР веднаш реагираа затоа што голот Французинот го постигна со рака.

До крајот домашните притискаа, но гостите успеаја да ја задржат топката надвор од својата мрежа.

Претходно„Лудакот“ ќе биде нов селектор на Уругвај
СледноБарса бара пари за да го купи Жоао Кансело