Тимот на Манчестер Јунајтед утре на домашен терен ќе го пречка тимот на Евертон на отворањето на Премиер лигашката програма викендов. Од 13:30 часот на Олд Трафорд момците на Ерик тен Хаг ќе се обидат да освојат нови три бода, а во тоа ќе им помогне и Кристијан Ериксен.
На денешната официјална прес конференција пред мечот, менаџерот на Јунајтед објави дека данецот се опорави од повредата и дека ќе биде дел од составот.
Ериксен за информација паузира од месец јануари.